Најмалку 27 лица загинаа во тајфунот на Филипините

Најмалку 27 лица го загубија животот на филипинскиот остров Самар, при налетот на тајфунот Хагупит, кој моментно ја намали својата брзина и премина во тропска бура, соопштија денеска претставници на Црвениот крст.

Тајфунот причини голема материјална штета, а околу еден милион луѓе се евакуирани пред ударот на стихијата.

Најголема штета е причинета во градот Боронган, каде околу 2.500 куќи се целосно или делумно разурнати.

На островот Самар има многу поплавени куќи, искорнати дрвја и електрични и телекомуникациски системи.

Ветрот денеска достигнува максимална брзина од 110 километри на час, што е значително послабо отколку вчера, која беа регистрирани удари од 250 километри на час.

Тајфунот се движи полека, што подразбира поголеми врнежи од дожд и ризик од лизгање на земјиштето.