Најмалку 27 повредени во железничка несреќа во Швајцарија

Два воза се судрија на железничка станица во централна Швајцарија, при што најмалку 27 лица  се повредени, соопшти швајцарската полиција, пренесува дописникот на МИА.

Несреќата се случила во Андермат, планинско одморалиште во кантонот Ури.

Несреќата се случила за време на маневар на воз на регионалната компанија Матерхорн-Готтард-Бан, што се состоел од локомотива и пет вагони, со околу сто патници.