Свет

Најмалку 27 загинати во лизгање на земјиште во Јапонија

Најмалку 27 загинати во лизгање на земјиште во Јапонија

Најмалку дваесет и седум лица го загубија животот во лизгање на земјиште предизвикано од поројни дождови во Хирошима.

Спасувачките екипи користат хеликоптери за да ги спасат заробените граѓани, бидејќи улиците се целосно прекриени со кал, а тринаесет луѓе се водат како исчезнати.

Изминатата недела Јапонија е зафатена од исклучително лошо невреме. Во удар на два тајфуна загинаа најмалку 17 лица, десетици беа повредени.