вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 55

Најмалку 30 луѓе, од кои осум деца, загинаа во борбите во Алепо

Најмалку 30 луѓе, од кои осум деца загинаа во борбите во сирискиот град Алепо во изминатите 24 часа, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

118332314

Поврзани вести

Во борбите меѓу владините сили и бунтовниците во повеќе квартови во Алепо повредени се десетици лица.

Борбите во Алепо се интензивираа во последните неколку денови откако целосно пропадна договорот што беше постигнат со посредство на САД и Русија за делумно примирје во Сирија.

Петмина сириски хуманитарни работници загинаа, а двајца се повредени при ракетирање и воздушни напади во градот Атареб, околу 25 километри западно од Алепо. Атареб е под контрола на бунтовниците.

Се уште не е познато дали воздушните напади ги извеле сириски или руски авиони, изјави претставник на Сириската цивилна одбрана Абдул Рахман.

Сириската цивилна одбрана е формирана во 2013 година, а во неа работат 2.890 доброволци во реони кои се под контрола на бунтовниците во северна и централна Сирија и во покраините на Дамаск.

Најчитани вести