Најмалку 30 полицајци загинаа во Авганистан

Најмалку 30 полицајци беа убиени во напад на талибанците врз полициски позиции во авганистанската провинција Фарах, изјавија официјални лица.

Претседателот на провинцијата, Фарих Бахтавар, изјави дека милитантите ја нападнаа полицијата во областа Бала Булук минатата ноќ, при што загинаа најмалку 23 полицајци и тројца беа повредени.

Тој рече дека во одделен напад во Фарах, талибанците убиле 11 полицајци и заплениле големо количество оружје и опрема.

Како резултат на најновите крвави инциденти , притисокот врз Владата на претседателот на Авганистан, Ашраф Гани расте. Владата веќе беше критикувана за серијата самоубиствени напади извршени во авганистанскиот главен град Кабул.

Талибанците минатата недела ја презедоа контролата врз област во северната провинција Баглан, а жестоките борби меѓу безбедносните сили и бунтовниците се водат во областите помеѓу Фариба и Газни.