Најмалку 30 убиени во американски напад врз шиитска милиција во Ирак

Американските сили ја нападнале ирачката воена база во близина на границата со Сирија во која се сместени борците Народните мобилизирани единци (PMU) убивајќи најмалку 30 припадници а уште многу повеќе се ранети, пренесуваат медиумите.

Како што пренесе во понеделникот ноќта телевизијата As Sumaria била нападната дивизијата „Катаиб Сајид ал-Шахада“ коишто се во составот на провладините милиции „Ал-Хашд ал-Шааби“ односно PMU, која е шиитска милиција, од страна на САД, рекле извори од милицијата.

Според овие изјави, САД извеле масивен артилериски и напад со паметни бомби врз ирачките милиции. Се истакнува во соопштението дека како последици од нападот „има голем број ранети и повредени“. Шиитската милиција ја повика владата на Ирак да спроведе истрага за овој инцидент.

Шиитските муслимани се доминантни во Ирак, со 66 отсто од вкупниот број население, додека сунитите од кои потекнуваше ирачкиот диктатор Садам Хусеин се 33 отсто.

Телевизискиот канал Rudaw, пак, пренесува дека американските воздухопловни сили извеле напад врз конвој на шиитската милиција „Ал-Хашд ал-Шааби“ на ирачки-сириската граница.

И покрај апелите, главно од западните земји и нивните сунитски сојузници во регионот, ирачката влада ја отфрли можноста за распуштање на шиитските доброволечки единици, имајќи ги предвид честите сунитски бунтови од 2003 година по американската инвазија врз Ирак и особено од 2014 година кога ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава која со ненадејната офанзива пред ти години зазема огромни територии од Ирак и соседна Сирија на кои го прогласи својот „калифат“.

Ирачките Ал-Хашд ал-Шааби во офанзивата за заземањето на градот Мосул зазема 17 села југоисточно од Тал Афар кои беа под контрола на Исламската држава.

Сепак во оваа групација се вклучени и борци на локални сунитски племиња а е формирана за борба против Исламската држава. Овие борци во раната фаза од терористичката кампања на Исламската држава одиграа важна улога за зајакнувањето на ирачката армија којашто претрпе силни загуби и дезертирања и ѝ се закануваше целосен распад.

Ланскиот ноември Ал-Хашд ал-Шааби од страна на ирачкиот парламент беа признаени како регуларни воени сили со слични права како и редовната армија. По ослободувањето на Мосул, оваа милиција активно учествува во операциите за ослободување на сите преостанати региони од остатоците од Исламската држава.