Најмалку 30 загинати во бомбашки напад во Нигерија

Најмалку 30 лица загинаа денеска при самоубиствен напад на еден фреквентен пазар во североисточниот нигериски град Маидугури.

Според очевидци и безбедносни извори, нападот е дело на две жени.

Аба Аџи Кали, кој е координатор на цивилнита заштита во нигериската сојузна држава Борно, изјави дека атентаторите биле тинејџерки облечени во хиџаб.