Најмалку 30 загинати во поплави на Филипините

Вчера и денеска најмалку 30 лица го загубиja животот во поплавите и лизгањето на земјиште предизвикани од тропската бура Сенианг што ги зафати јужните и централните острови на филипинскиот архипелаг.

12 патници во две комбиња кои на автопат биле затрупани од наноси на земја и кал се најновите жртви. Спасувачите не успеале да стасаат на време за да помогнат.

Останатите жртви настрадале во најдојдените буици, а две деца загинале од струен удар додека бегале од надојдениот воден бран.

Големиот број на жртвите се должи и на несериозниот однос на локалните медиуми кон најавите за доаѓањето на тропската бура. Според нивни оценки бурата што доаѓала со брзина на ветерот од 65 километри на час е релативно безопасна во однос на последниот тајфун Руби, кој истото подрачје го опустоши со брзина на ветерот од 210 километри на час. Меѓутоа, послабиот ветар носел и поинтензивни врнежи, од 15 до 25 милиметри дожд на час, а тоа ги предизвика полавите и лизгањето на земјиштето.

Метеоролозите најавуваат дека тропската бура, која веќе слабее, ќе престане утре вечер.