Најмалку 300 жртви во судирите во Централна Африка

Таа хуманитарна организација соопшти дека нејзиниот персонал престанал да ги собира телата во Банги кога се стемнило, но дека ќе продолжи со работата во текот на викендот, со што се очекува зголемување на бројот на жртвите.

Франција испратила војници во Банги за да го запре насилството, со што ја започна втората по ред значајна интервенција во Африка од почетокот на годината.

Се претпоставува дека судирите избиле откако христијанските паравоени формации, лојални на поранешниот претседател Франсоа Бозизе, започнале повеќе напади во северниот дел на земјата.