Најмалку 31 жртва во двоен самоубиствен напад во Нигерија

Најмалку 31 лице е убиени ноќта кон неделата во двоен самоубиствен напад изведен од припадниците на нигериската исламистичка групација Боко Харам на североистокот од Нигерија, потврдиле за AFP локални функционери.

„Минатата ноќ се изведен два самоубиствени напада и одекнувале експлозии во Дамбоа, 31 лице е убиени и неколку се ранети“, изјавил припадник на локалната милиција.

По двојниот самоубиствен напад на џихадистите врз собраната маса луѓе фрлале и гранати, поради што и бројот на жртвите бил уште поголем. Нападите биле насочени против луѓето коишто го прославувале завршувањето на муслиманскиот свет месец рамазан.

Исламистичката група Боко Харам ги засили нападите врз цивилни цели последните месеци. Според пресметките на агенцијата AFP, кои се базираат на новински и извештаи на нигериските власти, терористите на Боко Харам кои ѝ изразија лојалност на екстремната сунитска група Исламска држава, убиле повеќе од две илјади од инаугурацијата на новиот нигериски претседател, генералот Мухамаду Бухари кој потекнува од муслиманската заедница, кој победи на изборите во мај 2015 година. Претседателот Бухари, кој вети дека „ќе им го стави крајот“ на милитантите, во декември истата година изјави дека Боко Харам е „технички“ поразен. Сепак, бунтовниците продолжуваат со своите напади и во Нигерија и во соседните држави Чад, Камерун, Нигер.

Според последните процени на меѓународните организации, во судирите меѓу Боко Харам и нигериските сили се убиени повеќе од 20.000 луѓе, а околу 2,6 милиони морале да ги напуштат своите домови.

Во Нигерија особено последните шест години дејствува радикалната исламистичка група која некои ја сметаат и за секта – Боко Харам основана во 2002 година, којашто настојува во северна Нигерија да формира исламска држава и се противи на западниот модел на образование што всушност и значи нејзиното име „Западното учење е забрането“ на локалниот хауса јазик. Групата стои зад повеќето терористички напади во градовите и масакри во руралните области на земјата.

Таа се смета за најголемата безбедносна закана не само за Нигерија, којашто е најбројната африканска нација чии околу 180 милиони жители се поделени речиси половично на христијани и муслимани, најголемата африканска економија и производител на нафта, туку и за соседните држави.