ОН: Најмалку 33 лица загинаа, а над 200 се повредени во судирите во Нагорно Карабах

Најмалку 33 лица загинаа, а над 200 се повредени во жестоките судири во Нагорно Карабах, кои започнаа на 2 април, се наведува во извештајот на Управата на ОН за координирање на хуманитарни прашања.

– Според официјални извори од Ерменија и Азербејџан, најмалку 30 војници и тројца цивили загинале во борбите. Бројот на повредените лица се уште не е официјално потврден, но се претпоставува дека е над 200, се додава во документот.

ОН посочува дека во местата, кои се зафатени од борбените дејствија, живеат околу 14.400 лица.

Светската организација нема информации за оштетување на инфраструктурата, евакуирање на цивили и за потреба од хуманитарна помош.