петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 35

Најмалку 33 убиени во воздушен напад крај Дамаск, вџашеност во Стејт демартментот

102649512

Последни вести

Бројот на убиени во воздушните напади во дисктриктот Деир ал-Асафир, југоисточно од Дамаск, се зголеми на 33 лица, а меѓу нив најмногу се жени и деца, објави Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Центарот доцна синоќа ги објави најновите податоци за жртвите, соопштувајќи дека во вчерашните напади во Деир ал-Асафир, меѓу останатите биле убиени 12 деца, девет жени, еден учител и еден припадник на спасувачките служби, пренесуваат британските медиуми.

Нападите, за кои Центарот тврди дека ги извеле сириски воени авиони, биле извршени вчера и покрај тоа што пред еден месец стапи во сила прекинот на огнот меѓу владините и опозициските сили, исклучувајќи ја Исламска држава и Фронтот Ал-Нусра, што е поврзан со Ал-Каеда.

Волонтерската спасувачка организација „Вајт хелмет“ соопшти дека нејзиниот работник Валид Гурани е убиен кога било погодено амбулантното возило во кое се наоѓал, а таа објави  и фотографии за кои тврди дека ја прикажуваат уништената база на оваа организација во Деир ал-Асафир.

Американскиот Стејт департмент изрази вџашување од наводните воздушни напади.

– Најостро ги осудуваме нападите од овој вид насочени против цивили, рече портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Деловите од регионот на Источна Гута, каде се наоѓа Деир ал-Асафир, се надвор од контрола на сирискиот претседател Башар ал-Асад уште откако пред пет години изби бунтот, што потоа прерана во граѓанска војна.

Оваа област е под контрола на различни фракции, меѓу кои се и бунтовничките сили кои се опфатени со примирјето, како и Фронтот Ал-Нусра.

Центарот тврди дека сириските владини сили се обидуваат да го опколат Деир ал-Асафир каде, како што се наведува, и натаму живеат 2.700 семејства.

Најчитани вести