Свет

Најмалку 35 исламисти убиени во судири со Курди во Сирија

Најмалку 35 исламисти убиени во судири со Курди во Сирија

Најмалку 35 исламисти се убиени во судири со сириски Курди околу градот Кобане, во близина на турската граница, соопштија сириски опозициски активисти.

Борците на групата „Исламска држава“ се убиени во три одвоени судири, соопшти сириската опсерваторија за човекови права, пренесува МИА.

Според сириските активисти во регионот на Кобане меѓународната коалиција предводена од САД извршила повеќе воздушни напади на територии под контрола на борци на ИД, но не објави податоци за евентуални жртви во нападите.