Најмалку 361 лице погинаа во земјотресот во Кина

Најмалку 361 лице загинаа, а повеќе од 1.800 се повредени од земјотресот кој се случи вчера во провинцијата Јунин во Кина.

Земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар се наоѓал на 11 километри под земја.

Во тек се спасувачки акции.

Според Америкнскиот геолошки завод, земјотресот бил почувствуван и во соседните провинции Сечуан и Гуижу, пренесува Б и-Би-Си.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.