Свет

Најмалку 37 лица загинаа во бура во Пакистан

Најмалку 37 лица загинаа во бура во Пакистан

Најмалку 37 лица загинаа, а над 200 се ранети во бурата која вчера го погоди Пакистан.

Бурата била проследена со поројни дождови, град и силен ветер.

Невремето уриваше згради, корнеше дрва и соборуваше далноводи.

Аеродромот во градот Пешавар, административен центар на провинцијата Хајбер Пахтунхва беше затворен за летови.

Војници биле испратени во регионот на несреќата за да пружат помош.