Најмалку 38 жртви при напад на исламистичката Боко Харам

Најмалку 38 лица го загубија животот при напад на исламистичката група Боко Харам во едно нигериско село.

Целото населено место, вклучувајќи ги и трите цркви во него, биле запалени при нападот. Локалните жители, кои успеале ба побегнат, биле бомбардирани од нигериската армија, која мислела дека се исламисти.

Најмалку 2.500 луѓе се убиени од почетокот на годинава во североисточниот дел на Нигерија при напади извршени од „Боко Харам“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.