Најмалку 4 лица загинаа, а 19 се повредени во експлозија во Турција

Најмалку 4 лица загинаа, а 19 се повредени во експлозија во Турција
Најмалку 4 лица загинаа, а 19 се повредени во експлозија во Турција

Најмалку четири лица денеска загинаа, а 19 се повредени во експлозија во Силопи, југоисточна Турција.

Меѓу повредените петмина се припадници на безбедносните сили.

Силопи, каде поголемиот дел од населението се Курди, е град во провинцијата Ширнак, во близина на границата со Ирак.

Од минатата година, по неуспехот на примирјето меѓу Курдската работничка партија (ПКК) и безбедносните сили, се интензивираа судирите.