Најмалку 40 мртви во експлозии во Кабул

Најмалку 40 луѓе загинаа и уште 32 други се ранети во симултани експлозии во четртокот во близина на медиумско-културен центар во западниот дел од аганистанската престолнина Кабул, потврдија официјални претставници.

Експлозиите се случиле во близина на зградата во којашто се сместени канцелариите на новинската агенција Afghan Voice, на коишто се предизвикани и сериозни оштетувања.

Портпаролот на аганистанското министерство за внатрешни работи, Насрат Рахими, изјавил дека најмалку триесет лица биле повредени откако бомбаш самоубиец се разнел во зграда во којашто пристигнувале луѓе.

Други две експлозии одекнале кога почнале да се собираат луѓе за да им пружат помош на жртвите од бомбашот самоубиец во зрградата, додал портпаролот.

Портпаролот на талибанските бунтовници, Забиула Муџахид, негираше во објава наTwitter дека неговите соборци се вмешани во нападот.