Најмалку 40 туристи загинаа во Бразил

Најмалку 40 луѓе загинаа и 12 се повредени откако туристички автобус се урна во провалија длабока 400 метри во Бразил, објави МИА.

Во автобусот имало 50 луѓе, а меѓу повредените има и две деца.

Несреќата се случила во државата Санта Катарина на југ во Бразил. Според прелиминарните информации, возачот загубил контрола врз автобусот.