Свет

Најмалку 40 загинати во железничка несреќа во Индија

Најмалку 40 загинати во железничка несреќа во Индија

Најмалку 40 загинати и над 150 повредени во железничка несреќа која се случи денеска во Индија.

До несреќата дошло кога патнички воз удрил во застанат товарен вагон. Здробените патнички вагони при несреќата се качиле врз товарната композиција, а многу луѓе останале блокирани во нив.

Новиот премиер на Индија Нарендра Моди, кој денеска стапува на должноста, вети дека ќе посвети специјално внимание на железничката мрежа во Индија, што се наоѓа во многу лоша состојба.

Тој денеска изрази жалење за жртвите.