Најмалку 400 имигранти се удавија во близина на Италија

Околу 400 имигранти вчера се удавија во обид од Либија да стигнат до Италија.

Тажната вест ја соопшти организацијата  „Спасете ги децата“ (Save the Children), повикувајќи се на изјави на преживеаните, кои биле спасени од еден брод и префрлени во италијанско пристаниште.

Според организацијата меѓу жртвите имало многу млади луѓе, можеби малолетни, пренесува Хина.

Бродот превезувал 550 имигранти и доживал бродолом 24 часа, откако испловил од Либија, според изјавите на 150 преживеани лица.

– Преживеаните патници на бродот биле претежно субсахарски Африканци, изјави портпаролот на организацијата и истакна дека не знае кога точно се случил бродоломот.

Пред оваа несреќа од почетокот на годината загинаа повеќе од 500 имигранти во Медитеранот, кој поради постојаните обиди на жителите на Африка да стигнат до Европа стана најголема масовна гробница.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција тоа е драстичен пораст во однос на 47 жртви истиот период минатата година.