Најмалку 41 лице загинаа во изминатото деноноќие во Источна Украина

Најмалку 41 лице, цивили и војници, загинаа во изминатите 24 часа во источниот дел на Украина, соопштија украинските власти.

Тринаесет цивили загинале при напад во Доњецк, во кој биле погодени една постројка и тролејбус. Десет цивили се убиени во Горловка, а осуммина загинале во Луганск, тврдат проруските сепаратисти.

Во последното деноноќие се убиени и 10 украински војници.

Подоцна, 20-мина украински војници биле уапсени од проруските сепаратисти во градот Доњецк, кои биле однесени до местото на нападот во кој загинаа 13 цивили, каде со гневни извици и огорченост биле пречекани од локалното население.

Во меѓувреме, Франција соопшти дека е загрижена поради смртта на 13-те цивили во Доњецк за време на денешниот напад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.