Најмалку 42 жртви во експлозија во Јемен

Во експлозија на бомба на целнтралниот плоштад Тахрир во главниот град на Јемен, Сани, според последните информации од болничките извори загинале најмалку 42 лица вклучувајќи и неколку деца.

Има и ранети, но нивниот точен број не е соопштен.

Експлозијата се случила само на неколку часа откако новоизграниот премиер Амхмед Авад бин Мубарак ја напушти должноста.

Јемен се соочува со длабоки тензии меѓу сунитските власти во земјата и шиитските Хаути кои ја контролираат полицијата во главниот град од минатиот месец.

Бунтовниците Хаути претходно повикаа на масовни протести за денеска, 9 октомври, против премиерот Мубарак, бидејќи сметаат дека неговото именување од страна на претседателот Абд Раб Мансур Хадија е резултат на надворешни мешања.

САД и другите западни земји се загрижени дека нестабилноста на Јемен може да ја зајакне Ал Каеда во оваа земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.