четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Најмалку 45 загинати и 60 повредени лица во Јемен

Напаѓачот со возило влетал во група регрути.

bomba-jemen-640x294

Последни вести

Во самоубиствен напад врз воен камп за обука во Аден загинаа најмалку 45 лица, а 60 се повредени, соопшти организацијата Лекари без граници.

Нападот е изведен во северниот дел на Аден, каде има припадници на Народниот отпор, локални сили кои и помагаат на армијата да ги протераат Хутите од главниот град на Јемен, Сана.

Хутите имаат поддршка од Иран.

Во Јемен има судири откако Саудиска Арабија почна воена интервенција против шиитските бунтовници Хутите.

Најчитани вести