Свет

Најмалку 47 загинати во бомбашки напади на Боко Харам

Најмалку 47 загинати во бомбашки напади на Боко Харам

Во бомбашки напад на преполн пазар на североистокот од Нигерија, што ги има сите карактеристики на претходните напади на милитантната група Боко Харам, загинале најмалку 47 лица, соопштија денеска локалните власти, објави МИА.

До експлозијата дошло околу 13.30 часот по локално време на пазарот во градот Сабон Гари, во нигериската сојузна држава Борно, упориште на исламистите од Боко Харам, пренесоа британските медиуми.

Досега на местото на експлозијата се пронајдени телата на 47 погинати, како и на 52 повредени лица – изјави Умар Кида, припадник на цивилната група за одржување на редот и мирот.

Групата Боко Харам во текот на својата шестогодишна борба за воспоставување исламска држава на североисток од Нигерија уби повеќе илјади лица.