Свет

Најмалку 47 жртви во борби за аеродромот во Триполи

Најмалку 47 жртви во борби за аеродромот во Триполи

Најмалку 47 лица се убиени во повеќедневни борби меѓу ривалски милиции за контрола над главниот аеродром во Либија, соопшти либиското Министерство за здравство.

Уште најмалку 120 лица се повредени во борбите кои почнаа на 13 јули. Исламистички милиции во неделата почнаа жесток напад на аеродромот во Триполи, два дена откако пропадна примирјето договорено со ривалските бунтовнички групи, што го контролираат најголемиот аеродром во Либија.

Првиот напад на исламистички милитанти на аеродромот беше извршен минатата недела, по што беа откажани сите летови. Во борбите тешко се оштетени голем број авиони и аеродромска инфраструктура.