Свет

Најмалку 48 загинати во терористичкиот напад во Кенија

Најмалку 48 загинати во терористичкиот напад во Кенија

Најмалку 48 лица загинаа во вооружен напад во кенискиот град Мпекетони.

Околу 50 вооружени лица вчеравечер отвориле оган и запалиле два хотела, соопшто кениското Минитерство за внатрешни работи.

Нападот се случил додека локални жители вобаровите во хотелите следеле натпревар од Светското Првенство во фудбал.

Напаѓачите исто така нападнале и банка и се обиделе да преземат полициска станица, но биле спречени.

Од Црвениот крст излегле со предупредувае дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Властите ја обвинија за нападот сомалиската група Аш Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.