Најмалку 50 убиени во самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 50 луѓе се убиени во самоубиствен бомбашки напад во џамија во североисточна Нигерија, соопштија во вторникот полициски извори според кои во текот на утринската молитва тинејџер упаднал во храмот во градот Муби во сојузната држава Адамава и го активирал експлозивот што го носел на него.

„Засега имаме најмалку 50 мртви и неколку ранети“, изјавил портпаролот на полицијата на државата Амава, Отман Абубакар. Самоубиецот „се измешал со верниците“ за да влезе во џамијата и „го активирал експлозивот во текот на молитвата“, додал.

Претходно претставникот на Агенцијата за управување со вонредни состојби во државата Адамава, Харун Фуро, и претседателот на локалната влада на северно Муби, Муса Хасан Бело, објавија за петнасетина мртви.

Многу ранети лица се пренесени во болниците во регионот за да им се пружи итна помош, според различни извори коишто не можеле да го прецизираат нивниот број.

За нападот никој не ја презема одговорноста, но е сличен на претходните напади кои ги изведе екстремната организација Боко Харам, којашто се бори за создавање исламска држава во Нигерија во којашто ќе владеат шеријатските закони но според нејзиното ригидно толкување.

Вторничниот напад претставува најголема загуба на човечки животи во Нигерија од почетокот на септември кога 18 луѓе беа убиени во бомбашкои напад во близина на централната сојузна држава Борно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.