Најмалку 50 загинати во бомбашкиот напад во Багдад

Најмалку 50 лица загинаа, а околу 60 се ранети кога денеска во трговски шиитски кварт на Багдад експлодира автомобил-бомба, информираа ирачки официјални извори.

Во експлозијата во багдадското предградие Садр Сити ранети се уште најмалку 60 лица, од кои многумина се во критична состојба, пренесува БТА.

Нападот се случи пред еден салон за убавина во текот на работното време каде експлодира џип.

Британските медиуми јавуваат дека повеќето од жртвите се жени.

Агенцијата Амак, која ја поддржува Исламска држава, јави  дека цел на нападот на бомбашот самоубиец биле припадници  на шиитската милиција.

Полициски претставник изјави дека од силината на експлозијата големи штети претпреле околните згради и автомобили, јавија американските медиуми.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.