сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 44

Најмалку 50 жртви во студениот бран кој ја зафати Азија

stud

Последни вести

Најмалку 50 лица го загубија животот на Тајван во студениот бран кој ја погоди источна Азија. Во Јужна Кореја 60.000 туристи беа принудени да останат во земјата, бидејќи летовите беа откажани.

Најголем дел од починатите на Тајван се стари луѓе, кои настрадале од хипотермија и кардиоваскуларни болести поради ненадејниот пад на температурите за време на викендот.

Во северниот дел на Тајван за време на викендот беа измерени четири степени Целзиусови, а голем број куќи немаат централно греење.

Поради снегот затворен е аеродромот на јужнокорејскиот остров Чеџу. Во Јужна Кореја се откажани 500 домашни и меѓународни летови, а температурата достигна минус шест степени.

Локалните власти се обидуваат да ги сместат туристите кои останале заробени на аеродромот.

Студен бран ги погоди и Хонг Конг, јужниот дел на Кина и Јапонија. Во Хонг Конг температурата изнесуваше три степени, што е најниска изминативе 60 години.

Во делови на Гуагџоу и Шенџен, во јужна Кина паѓаше снег, што е мошне ретко, додека на јужниот јапонски остров Окинава првпат се појави лапавица.

Снежни бури погодија и големи делови на Јапонија, каде се откажани над 600 домашни летови.

Во Јапонија настрадаа најмалку пет лица, додека повеќе од сто се повредени.

Ниски температури се забележани и во Виетнам и на Тајланд, а во Ханој се измерени само шест степени, додека во Бангкок, каде ретко се случува температурата да падне под 20 степени, измерени се 16.

Најчитани вести