Најмалку 51 повреден при удар на гром на концерт во Германија

Најмалку 51 повреден при удар на гром на концерт во Германија
Најмалку 51 повреден при удар на гром на концерт во Германија

Најмалку 51 лице е повредно синоќа за време на удар на гром на концерт во рамки на рок-фестивалот „Рок ам Ринг“, што се одржува на поранешниот аеродром во близина на германскиот град Мендиг, на околу 100 километри западно од Франкфурт.

Повредените лица се здобиеле со изгореници од различен степен, а 15 од нив се наоѓаат во критична состојба. Еден од повредените бил подложен на реанимација од страна на медицинските екипи уште на самото место на несреќата.

Според Дојче Веле, на концерот присуствувале 45.000 луѓе. Поради инцидентот, концертот бил прекинт, но продолжил по еден час.

Во рамки на фестивалот, кој трае од 3 до 5 јуни, за вечерва е предвидено концерт да одржи групата „Ред Хот Чили Пејперс“.

Повредените лица се здобиеле со изгореници од различен степен, а 15 од нив се наоѓаат во критична состојба.
Повредените лица се здобиеле со изгореници од различен степен, а 15 од нив се наоѓаат во критична состојба.

За време на ланското издание на фестивалот „Рок ам Ринг“ при удар на два грома беа повредени 33 лица.

Делови на Германија, Франција и Австрија последниве денови се зафатени од невреме проследено со пројни дождови, што предизвика полави во повеќе реони на трите држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.