Најмалку 55 убиени во дводневни судири во Јемен

Судирите следуваа откако специјалниот пратеник на ОН Исмаил Ахмед во Сана имаше состанок со бунтовници Хути за да се покренат мировни преговори со меѓународно признатата влада, пишува МИА.

Од саботата најжестоки борби се водат и во предградието на третиот по големина јеменски град Таез додека бунтовниците се обидуваат да вратат позиции изгубени во преходните недели.

СЗО наведува дека во судирите во Јемен се убиени повеќе од 6.200 луѓе во минатата година, а ОН предупредуваат за хуманитарна катастрофа.