Најмалку 56 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Пакистан

Најмалку 56 лица загинаа денеска во судар меѓу автобус и камион во јужен Пакистан.

Несреќата се случи во близина на градот Хаирпур во јужната провинција Синд.

Автобусот, кој патувал за економската престолнина Карачи од градот Сват, во северозападен Пакистан, навлегол во спротивната лента и се судрил со товарен камион.

Меѓу загинатите има 17 жени и 18 деца, изјави претставник на локалната полиција. Осумнаесет патници се ранети, од кои тројца се во тешка состојба.