(ВИДЕО) Најмалку 56 мртви во пожарот во трговскиот центар во Сибир

Најмалку 56 лица ги загубија животите во пожарот во неделата во трговски центар во сибирскиот град кемерово, објави во понеделникот руското министерство за вонредни ситуации.

Пожарот, еден од најсмртоносните во Русија од распаѓањето на Советскиот сојуз, ги уништи горните катови на трговско-забавниот центр во кој биле сместени киносали и детска играчница.

Според руските власти огнот кој избувна во неделата во центарот со вкупна површина од 1.500 квадратни метри доцна попладнето по локално време бил изгаснат. Спасувачите и натаму се обидуваат да се пробијат до горните катови, што е отежнато со уривање на покривот на објектот отворен пред пет години.

Според последните информации, 44 лица побарале медицинска помош, од кои десет луѓе се хоспитализирани. Во моментов се води потрага по уште 16 лица за кои нема сознанија.

Видео снимки од центарот по избувнувањето на пожарот прикажуваат групи луѓе на зачадени скалила како се обидуваат да ја разбијат заглавената врата за излезат во случај на потреба. Руските медиуми известуваат дека некои луше скокат ле низ прозориц од горните катови, за да се спасат пред огнот.

Руските власти упасија четири лица поврзани со пожарот, меѓу кои и сопственицитена продавници во центарот, а трагаат и зпо сосптвеникот на целиот центар.

Рускиот претседател Владимир Путин, телефонски разговарал со гувернерот на регионот Кемерово и со министерот за вонредни состојби. Тој изразил најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите, наведе во соопштение Кремљ.

Засега се’ уште не е позната причината за пожарот, а властите се сомневаат дека избувнал на горниот кат. Камерово се наоѓа во централниот дел на Сибир, околу 3.600 километри источно од Москва.