Најмалку 70 војници загинаа од нападите на џихадистите на ИД

Над 70 војници од сирискиот режим се убиени во напади на припадници на Исламска држава во изминатите 24 часа во централниот дел од Сирија.

Според Сирискиот центар за човекови права, нападите на Исламска држава се извршени во провинцијата Хомс и Хама.

Во два напада со автомобили-бомби во градот Хасака убиени се над 20 сириски војници и ранети се десетици кои ја празнувале курдската (иранска) нова година Новруз.