Најмалку 76 полицајци повредени во судирите со демонстрантите на Г20, избувна голем пожар (ВИДЕО)

Бројот на полицајците повредени во судирите со антиглобалистичките демонстранти во северниот германски град Хамбург каде во петокот започнува самитот на челниците на 20-те најголеми светски економии (Г20) се зголеми на 76 објави полицијата ноќта кон петокот, а утрото градската противпожарна служба објави дека избувнал пожар во складиште во северниот дел од градот.

Височината на пламените јазици достигнувала десетици метри, а чадот можел да се види од оддалеченост од повеќе километри пренесува агенцијата DPA. Властите уште не можат со сигурност да го поврзат овој пожар со масовните деминстрации во градот против самитот Г20, но се потсетува дека во четвртокот непознати лица го нападнаа и запалија локалниот салон за луксузните автомобили на „Porsche“.

Портпаролката на хамбуршката полиција изјави дека повредените полицајци се здобиле со „полесни повреди“. Таа не можеше да одговори за бројот на повредените демонстранти.

hamburg

На тројца повредени им било неопходно болничко згрување, соопшти полицијата. Пилотите на полицискиот еликоптер се здобиле со повреди на очите кога во нив биле вперени ласери.

Најмалку 13.000 демонстранти учествуваа во маршот во четвртокот, а меѓу нив и илјада анархисти, со црни на лицата позанти како „Црн блок“, соопшти полицијата.

Инцидентите почна вечерта во четвртокот малку по минувањето на протестната поворка од 12.000 луѓе, според процената на полицијата. Потоа продолжија на различни места низ Хамбург каде во петок и сабота ќе се одржу самитот на Г20.

Насилните демонстранти фрлале шишиња, камења и петарди врз полицајците кои одговориле со водени топови и солзавец, Неколку возила се запалени, според полицијата, а оштетени се излози на продавници со брендирани стоки и на банките, а барикади се подигнати во неколку населби.
За во петокот демонстрантите планираат да ги спречат шефовите на државите да влезат во Конгресниот центар и за таа цел распоредија големи бетонски блокови и метални пречки. Извонредно масовен собир на повик на крајната левица се најавува за во сабота претпладне. Изминатите денови илјадници поддржувачи претежно на левите идеологии, анархисти и антиглобалисти од цела Европа допатуваа во Хамбург.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.