Најмалку 78 жртви при експлозија на бензиска станица во Гана

Најмалку 78 лица го загубија животот при експлозија на бензинска пумпа во Акра, Гана.

– Повеќето луѓе се собрале таму за да се сокријат од пороен дожд, изјави за локални медиуми портпарол на противпожарната служба, пренесува МИА.

Десетина луѓе се хоспитализирани. Се претпоставува дека тоа било несреќен случај поврзан со поројните дождови, јавуваат американски медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.