Свет

Најмалку 9 мртви во судир на полски и украински автобус во Германија

Најмалку 9 мртви во судир на полски и украински автобус во Германија

Најмалку девет луѓе загинаа, а 40 се повредени во автобуска несреќа на автопат во близина на Дрезден во источна Германија, објави  полицијата.

Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, а според првичните информации, полскиот автобус налетал на автобус од Украина. Возачот на полскиот автобус ја загубил контролата и се судрил со минибус кој доаѓал од спротивниот правец,  а потоа урил во заштитната ограда.

Спасувачки екипи работат на местото на несреќата, а автопатот А4 на таа делница е затворен за сообраќај.

Овој автопат минува низ Германија од запад кон исток и со еден крај води кон Холандија, а со друг кон Полска.