Најмалку 96 жртви во меѓуплеменски судири во Нигерија

Најмалку 96 лица го загубија животот во меѓуплеменски судири во централна Нигерија.

Според некои информации пастири од муслиманското племе Фулани нападнале неколку села со христијанско население, кое се занимава претежно со земјоделство, во државата Бенуе.

Муслиманите се мнозинство во северниот дел на најнаселената африканска држава, а христијаните се мнозинство во јужниот дел на Нигерија. Централните области се со мешовито население.