Најмалку четири фирми кои добија средства од Фондот за иновации имаат сопственици функционери

Како што веќе е започната јавноста, околу 760.000 евра од Фондот за иновации завршиле на сметката на компании на поранешни и сегашни функционери и членови на нивните семејства од фонодот.

Една од фирмите „Т-сенс“ во којашто малцински сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми инкасирала 65.000 евра за иновација за софтвер за продажба на производи на скандинавскиот пазар. Адеми и советничката на премиерот Цветанка Ласкова се единствените активни лица поврзани со власта. Ласкова е советничка на култура на Заев, а нејзината снаа Христина Керкез доби најмногу четирите фирми кои по 15 дена рок за информирање на Фондот признаа поврзаност со функционери. За 360.000 евра државни пари фирмата за информатичка технологија „Декодиск“ планирале да развиваат апликација. Тоа нема да се случи во скоро време бидејќи фондот одново ќе ја разглдува одлуката која самиот ја донесе и им додели пари.

„Инвестициските проекти на овие четири компании ќе бидат повторно доставени на разгледување до Комитетот за одобрување на инвестиции, според критериумите за селекција и согласно правилниците на повикот. За останатите компании од првиот инвестициски бран што доставиле изјава во која нема носител на јавна функција и/или член на негово потесно семејство во сопственичката структура продолжува постапката за склучување на договори за реализација на инвестициските проекти“, изјавија од фондот.

Пред две седмици објава и преипитувањето на одлуките на фондот доаѓа две недлеи откако вицепремиерот Кочо Анѓушев по притисок на јавноста ја повлече фирмата која доби пари од фондот. Истото го стори и функционерот на СДСМ, Хари Локвенец со неговата печатница.

Додека трае постапката за 77 фирми и реоценувањето на овие четири фирми јавното обвнителство соопшти дека отвора предистрага за да испита дали е сторен криминал во распределбата на 10 милиони евра финансиска помош на мали и средни претпријатија. Од фондот најавија дека во следниот повик за учество на конкурс како услов ќе биде забрана за учество на функционери, кој се очекува да биде објавен наредниот месец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.