Најмалку четворица загинати при несреќа во рудник во Турција

Најмалку четири лица загинаа денеска при уривање на сводот во рудник во близина на градот Ширван во југоисточната турска провинција Сирт.

Како што јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, под урнатините во рудникот останале затрупани уште десетина рудари.

На местото на несреќата пристигнале екипи на брзата помош и спасувачки тимови, кои трагаат по затрупаните рудари