Најмалку четворица загинати во оружен напад во Канада

Канадската полиција соопшти дека привела едно лице по оружениот напад во градот Фредериктон, при што загинаа најмалку четири лица.

Квартот Бруксајд, каде се случи нападот, е блокиран. Полицијата побара од граѓаните да не ги објавуваат на социјалните мрежи локациите каде се наоѓаат полициските сили.

Граѓаните се предупредени да не ги напуштаат своите домови.

Во реонот каде се случи инцидентот покрај приватни домови има и неколку деловни објекти.

Полицијата се уште не соопштува детали за инцидентот.

Во Торонто минатиот месец маж уби две лица и повреди 13, а потоа се самоуби.

(Mиа)