Свет

Најмалку четири лица загинаа во неколку торнада во Арканзас и Тексас

Најмалку четири лица загинаа во неколку торнада во Арканзас и Тексас

Најмалку четири лица загинаа во торнада кои ги погодија Арканзас и Тексас, а спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат погодените области.

Сопруг и сопруга на околу 30 години загинаа во неделата, откако торнадото го урнал нивното мобилно живеалиште во градот Нешвил во Арканзас. Двајцата се обиделе да ја заштитат нивната 18-месечна ќерка, која за чудо преживеала, изјави претставник на локалните власти.

Во соседната американска сојузна држава Тексас торнадо уништи околу една третина од гратчето Ван, југоисточно од Далас. Две лица загинаа, а десетици се ранети.