Свет

Најмалку четворица загинати во снежна бура во САД

Најмалку четворица загинати во снежна бура во САД

Најмалку четири лица загинаа во снежната бура, што за помалку од една недела, по втор пат го погоди североисточниот дел на САД, пренесува МИА.

Официјални претставници на американската сојузна држава Масачусетс објавија дека една жена загинала откако била прегазена од машина за чистење снег, а државната полиција во Њујорк објави дека две лица загинале во вержиен судир на автопат во близина на градот Рај.

Полицаец од Толедо, во американската сојузна држава Охајо, почина од срцев удар додека чистел снег пред влезот на својата куќа. Градоначалникот на Толедо, Мајкл Колинс се наоѓа во критична состојба откако неговото возило излета од патот и удри во столб додека се враќал од конференција за новинари.

Метеоролозите најавуваат дека од Филаделфија до Портланд и Мејн се очекуваат ниски температури, поради што патиштата ќе бидат замрзнати и опасно лизгави. Над 20 окрузи во сојузната држава Њујорк се под предупредување за снежна бура, а метеоролозите најавуваат до 40 сантиметри снежна покривка во некои делови.

Во Бостон втор ден по ред училиштата се затворени. Властите, исто така, апелираат до возачите да ги отстранат возилата со цел работниците да можат да ги исчистат улиците, особено во центарот на градот каде ќе биде одржана прослава по чест на победникот во првенството во куглање.