Видео: Најмалку десет загинати во поплавите во Варна

Најмалку 10 лица загинаа, а десетина други се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија црноморскиот град Варна, предизвикани од поројните дождови што деновиве врнат во повеќе делови на Бугарија.

Раководителот на регионалната полициска управа во Варна, Николај Калчев синоќа соопшти дека полицијата до тој момент пронашла тела на 10 удавени лица.

Тој нагласи дека не може да го прецизира точниот број на исчезнати лица, нагласувајќи при тоа дека поголемиот дел од Варна е под вода.

zx450y250_2327120

Бугарските телевизии емитуваа снимки од Варна на кои се гледаат поплавени улици, при што нивото на водата на одредени места достигнува и до еден метар. Во градот се испратени спасувачки екипи, кои им пружаат помош на настраданите.

Делови на Бугарија последниве денови се зафатени од поројни дождови и град, кои предизвикаа повеќе дефекти во електро преносниот систем, поради што илјадници лица останаа без електрична енергија.