сабота, 21 јануари 2017  |  Вести денес: 19

Најмалку девет бегалци се удавиле крај брегот на Турција

begalci

Поврзани вести

Најмалку девет тела на бегалци, вклучувајќи и две деца се пронајдени денеска откако нивниот брод потонал во близина на турскиот брег.

Бродот тргнал од западната турска провинција Измир, најверојатно кон Грција.

Во Турција се наоѓаат 2,2 милиони бегалци од Сирија, а според податоците од Организацијата за миграција при ОН, повеќе од милион бегалци пристигнале во Европа преку морски пат.

Според податоците на ОН, повеќе од 800.000 бегалци го преминале Средоземното Море на патот кон Европа оваа година, а преку 3.400 загинале во тој обид.

Најчитани вести