среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 26

Најмалку деветмина загинати и 52 повредени во силен земјотрес во Перу

Цивилната заштита досега идентификувала четири од деветте жртви, меѓу кои е и 66-годишен американски турист, кој за време на потресот се наоѓал во хотел што се урнал.

Strong earthquakes hit southwestern Japan

Последни вести

Најмалку девет лица загинаа, меѓу кои и американски турист, а 52 се повредени во земјотресот со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала на југот од Перу, во ноќта меѓу неделата и понеделникот, јавија перуанските власти за новите податоци од природната катастрофа.

– Градските власти објавија информации за смртта на три лица во Ачома и шест во Јенки, во регионот Ареквипа, изјави за државното радио РПП гувернерката на регионот Јамила Осорио, јави Хина.

Цивилната заштита досега идентификувала  четири од деветте жртви, меѓу кои е и 66-годишен американски турист, кој за време на потресот се наоѓал во хотел што се урнал.

Според претставници на Цивилната заштита, во земјотресот се повредени 52 лица, уништени се околу 50 куќи и блокирани се патишта, што го отежнува пристапот на службите за итна помош.

Најчитани вести