Најмалку двајца мртви во нападот во Барселона

Комбе во четвртокот се залета во маса луѓе во центарот во Барселона, а шпанските медиуми кои јавуваат дека најмалку двајца се загинати, а дваесетина се повредени.

Полицијата потврдува дека има повеќе мртви и ранети, но не ја објавува моменталната бројка. Засега не е јасно дали станува збор за терористички напад.

Весникот El Pais пренесува дека возачот на комбето побегна. Весникот El Periodico во меѓувреме јавува дека двајца вооружени мажи се забарикадирале во турски ресторан  во центарот на Барселона каде земале заложници, како и дека се слушале истрели.

Засега е невозможно да се утврди дали тие два инцидента се поврзани.

Каталонските служби за вонредни состојби ги повикаа жителите луѓе да не одат кон централниот плоштад Плаца Каталуња, еден од главниот градски плоштади. Службите побараа да се затворат сите станици на подземната железници во центарот на градот околу познатата туристичка авенија Лас Рамблас.