Свет

Најмалку двајца полицајци убиени во бомбаши напад во Авганистан

Најмалку двајца полицајци убиени во бомбаши напад во Авганистан

Најмалку двајца полицајци се убиени и тројца цивили повредени во самоубиствен бомбашки напад врз судска зграда во Источен Авганистан, објави МИА.

– Првиот бомбаш самоубиец активирал бомба на влезот на зградата во градот Мајдан Шахр, а двајца други напаѓачи биле застрелани од полицијата, изјави Халил Андараби, началник на полицијата во источната провинција Вардак.

Вчера десетици бунтовници нападнаа неколку контролни пункта во Јужен Авганистан. Во престрелки во текот на целиот ден загинаа 19 полицајци и 7 војници. Засега ниту една бунтовничка група не презема одговорност за нападот.