петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 29

Најмалку две лица загинаа при вчерашните протести во Венецуела

Илјадници Венецуелци, кои протестираат против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, вчера одржаа 12-часовен „седечки штрајк против диктатурата“.

VENEZUELA-CRISIS-OPPOSITION-PROTEST

Последни вести

При жестоки судири меѓу демонстрантите и силите за безбедност во Венецуела синоќа загинаа најмалку две лица.

Илјадници Венецуелци, кои протестираат против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, вчера одржаа 12-часовен „седечки штрајк против диктатурата“.

Антивладините протести во Каракас поминаа мирно, но во другите градови имаше судири со полицијата. Најжестоки беа судирите во градот Тачира, каде и загинаа двете лица.

При одделни протести во Тачира демонстрантите фрлаа со камења и запалија камиони и неколку згради. При овое инциденти се повредени неколку демонстранти.

Во Карабобо се повредени тројца полицајци, од кои едниот е во критична состојба.

Најчитани вести